Според последните ковид статистики на Министерството за здравство во земјава, пет града се без активни случаи на ковид-19, а станува збор за Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран.

Во други четири градови (Крушево, Македонски Брод, Валандово и Дебар) има само по еден активен случај.

Меѓу градовите со најмалку случаи се и Берово и Крива Паланка со по два, во Македонска Каменица и Ресен има по три, а во Кавадарци, Свети николе, Неготино и Делчево по четири. По еден случај повеќе, односно по пет активни има во Демир Хисар и Гевгелија, а во Велес има шест. Под 10 активни има и во Штип (8) и Кратово (9).

Останатите градови во земјава имаа по двоцифрен број на активни случаи, додека пак во Скопје има 299 случаи.

Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, на оздравени е 149.292, а на лица кои го изгубиле животот е 5.455.

Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања за болеста.