Во објект на ХДЗ прославуваат со песна која го слави усташкиот колеж на Србите/ВИДЕО

181

На социјалните мрежи се прошири видео од угостителски објект во зграда во сопственост на општината Башка Вода во Хрватска чиј градоначалник веќе 30 години е Јошко Рошиќ од ХДЗ, а на кое се гледа славје со песна за усташкиот масакр на Србите, пишува хрватскиот Индекс.

На видеото јасно се слушаат и се гледаат гостите како се забавуваат со песната која го слави усташкиот масакр врз Србите во Втората светска војна. Песната предизвика воодушевување кај присутните. Има и такви на кои им е непријатно бидејќи настанот се снима. Младиот човек кој фрла послужавник на подот на почетокот на видеото е син на советник од ХДЗ.