Работата од дома има и свои добри страни како што се слободата да јадете што ќе посакате и најважно – можете да се облечете што ќе посакате. Совршено облечен за визуелни состаноци за многумина значи хеланки или долен дел на тренерка, маица, а обувките и не се потребни. Меѓутоа не ја третираат сите куќната изолација како совршен изговор за малку да се опуштат.

Твит-авторката Рашел Сим ја поттикнала модната ревија на интернет кога видела дека луѓето во недела буквално знаат да ја облечат најубавата облека што ја имаат.

Се почна на 21 март кога на Твитер таа напиша: “Во недела убаво се облекуваме, макар и 5 минути да ја носиме свечената облека. Ве молам да најдете некое убаво парче облека во плакарот и да се подгответе да го покажете на светот”. Додава дека сè доаѓа во предвид и светки и перли, и вечерни тоалети, сè што ќе ви падне на памет.

Сим е вистинска обожавателка на модата која вели дека љубовта спрема модата и ја всадила нејзината баба.