Во контејнер во Гази Баба фрлен медицински отпад

694

Комуналните редари од Инспекторатот на Град Скопје утринава при редовна рутинска контрола на контејнерските места на подрачјето на општина Гази Баба, откриле  медицински отпад депониран на непрописен начин во контејнер за комунален отпад.

– Имајќи во предвид дека медицинскиот отпад подлежи на специјален третман на одлагање го известивме државниот Инспекторат за животна средина, нашите инспектори за животна средина, јавното претпријатие „Дрисла“ кое по спроведената истрага на прописен начин со специјално возило за медицински отпад го спакува и подигна отпадот – информираат од Инспекторатот.

За овој случај следи детална истрага за пронаоѓање на можниот одлагач на медицинскиот отпад. По пронаоѓањето на субјектот ќе следи пријава и глоба за сторениот прекршок.