Во Кинотека изложби за Скопје, скопските деца по земјотресот, здравството…

134

До 6 ноември, во просториите на Кинотека ќе бидат поставени три изложби: „Довидување Скопје – довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во скопје 1963-1964г.“ од проф. д-р Марјан Димитријевски; „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михајловиќ-Јуруковски“ од проф. д-р Лидија Ѓурковска и „Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“ од проф. д-р Габриела Топузвска.

Изложбата „Довидување Скопје – довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во скопје 1963-1964г.“ е посветена на патешествието на скопските деца по земјотресот во 1963 година, нивно сместување, престој во бројни места ширум тогашна СФР Југославија и школувањето на македонски наставен јазик во: Пореч, Цриквеница и Лесковац.

Низ фотографии, легенди и текст изложбата „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михајловиќ-Јуруковски“ зборува за градителската дејност во Скопје на познатиот архитект и градоначалник Михајловиќ-Јуруковски кој и самиот е автор на бројни познати скопски архитектонски градби.

Здравството како важен сегмент од секојдневниот живот на повоена Македонска држава е темата на изложбата на фотографии и документи „Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“, посветени на здравството, здравтсвените институции и здравтвените прилики во оваа време.