Во Галеријата на МКЦ: „The Present“ – групна изложба на млади автори

181

 

„The Present“ е насловот на групната изложба на млади автори, која ќе биде отворена на 21 октомври, во 20 часот во Галеријата на МКЦ.

„Да се (пре)живее исклучиво од уметност во општество во кое владее финансиска и економска нестабилност, низок животен стандард и никакви критериуми за вреднување е (речиси) невозможно.

Затоа, уметноста на СЕГАШНИНАТА (освен онаа комерцијалната), најчесто е ПОДАРОК за публиката. Со цел да го остварат сопствениот креативен порив, притоа вложувајќи многу енергија и средства (тука спаѓаат пред сè финансиските, кои се клучни за набавка на материјали за работа), младите автори се исправени пред дилема: да се твори и остави трага т.е. да се биде активен или да се седи лежерно на кауч пред телевизор чекајќи/мечтаејќи да дојдат подобри времиња?

Повеќето од овие млади уметници својот (без)излез и будење на себството го гледаат воносталгичната свесност за минатото. Преку (воз)обновување на духовното, мистичното и далечното, тие создаваат сопствени системи на вредности, идеали и симболи“, стои во најавата кон изложбата на која учествуваат Ана Јовановска, Тамара Антевска Бајдевска, Ана Трајковска, Ива Станковска, Викторија Попоска, Јана Николовска, Милко Нестороски, Јасмина Трпеска, Елена Гелева и Анастасија Величковска.