За две години доделени 100 субвенции за набавка на печки на пелети

134

Oд Општината Гази Баба и оваа година продолжуваат со доделување на субвенции за набавка на печки на пелети за индивидуалните домаќинства. Општината при набавката на печката надоместува 70 проценти од трошоците за набавка на печката, односно 30.000 денари.

Од Општината информираат дека за овие две години се доделени вкупно 100 субвенции на граѓаните за набавка на печки на пелети.

-Според Катастарот на загадувачи, кои како Општина го изготвивме, домашните ложишта се еден од поголемите загадувачи, поради користењето на загадувачки и несоодветни материјали за греење. Како Општина уште лани го започнавме овој проект со цел да влијаеме за намалување на загадувањето – потенцираат од локалната самоуправа.