Во Велес мирен протест со автомобили од Спомен костурницата од НОВ до споменикот на Панко Брашнаров

47

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Велес организираше мирен протест со автомобили симбилично од Спомен Костирницата на загинатите борци од Народноослободителната и антифашисточка војна па се до Споменикот на Панко Брашнаров најстариот претседавач на АСНОМ.

На присутните им се обрати Игор Здравковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес кој ги повика сите граѓани па и оние од СДСМ да им се придружат на овој мирен протест за како што рече понижувањето и распрдажбата на националните интереси од премиерот Зоран Заев.

Во својата изјава за медиумите Антонио Милошоски, му порача на Заев, дека е  време да си даде оставка за како што рече, државата да може да исчекори напред.

-Заев не успеа  да донесе инвестиции, не успеа да го подобри здравството, не успеа  да го заштити достоинството  на државата, не успеа да направи подобар живот што го нудеше. Успеа во две работи  да направи многу предавста и успеа да  ги обедини граѓаните на Македонија против Заеви. Затоа  нашата порака е  оставка за Заев, слобода за Македонија, порача Милошоски од Велес.

Тој додаде дека сметаат  дека оваа  парола ја поддржуваат многу граѓани без разлика политички каде припаѓаат, без разлика национално каде припаѓаат или кој им е мајчиниот јазик.

-Многу граѓани стануваат секој ден посвесни  дека со Заев нивниот живот станува  потежок. Животот во Македонија станува  потежок, понижувањата за Македонија за жал стануваат поголеми и затоа сметаме  дека Македонија може да го направи  првиот чекор напред и во економска и во здравствена и во национална и во инвестициска смисла и во секоја друга  кога Заев ќе падне  од власт, рече Милошоски.