Средба на џинови: Јупитер и Сатурн на 21 декември во местоположба што не е видена 800 години!

294

Кога Сонцето ќе зајде на 21-ви декември, на денот на зимската краткоденица, луѓето кои ќе погледнат во небото ќе имаат можност да ги видат Јупитер и Сатурн поблиску еден до друг, отколку што било кој жив денес може да ги види.

Тоа ќе биде првпат таква сцена да се појави после речиси 800 години, пренесува „Indipendent“.

Порамнувањето на движењето на овие две планети многу ретко се случува, а планетите ќе изгледаат многу блиску една до друга, се вели во изјавата на астрономот Патрик Хартиган од Универзитетот Рајс.

Таква сцена последен пат била видлива од Земјата на ноќното небо на 4-ти март, 1226-та година, изјавил тој.

Приближувањето на двете планети трае уште од летото.

Кога ќе биде достигнат врвот, помеѓу 16-ти декември и Божиќ по грегоријански календар, оддалеченоста помеѓу нив ќе биде помала од ширината на полната Месечина.

Во текот на вечерта на 21-ви декември тие ќе изгледаат како една двојна планета, одделена една од друга само за една петтина од дијаметарот на полната Месечина, рекол професорот Хартиган.

Сите кои ќе ја пропуштат оваа астрономска појава, ќе имаат прилика да ја видат во 2080-та година. После тоа, нема да има друга можност до после 2400-та година.