Со концерт на Хели Сиекинен, позната уметница од Финска, вечер во Битола почнува 11. издание на интернационалниот Фестивал на Музика од светот.

Хели Сиекинен пет пати била најдобра на натпреварите за хармоника во Финска, учела во националните школи и дипломирала на конзерваториумот Јиваскила во Финска.

– Вечерашниот концерт „Танго“ е еден од бројните концерти кои Хели Сиекинен ги одржала во светот, почнувајќи од првиот во 2010 година со симфонискиот оркестар на Универзитетот Јиваскила. Пред домашната публика овој пат ќе настапи со битолскиот Камерен оркестар и освен со својата хармоника, таа ќе свири и со бандонеон, најавија од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот Музика од Светот.

Викендов во рамки на традиционалниот културен настан поддржан од Министерство за култура и Општина Битола концерти ќе одржат и познатата поп музичка ѕвезда од Србија Јелена Томашевиќ Босиљчиќ која ќе настапи во сабота, и Џамбо Агушеви Оркестар со чиј настап в недела завршува фестивалот Музика од светот.