Воведени ковид-беџови: Израелците како Телетабиси

26

Повеќе од четири милиони вакцинирани Израелци може да носат ковид-значка за да може да јадат во ресторани, да одат на концерти или во спортски сали.

„Тајмс оф Израел“ известува дека светскиот шампион во имунизација против ковид-19 почнал контроверзен проект со беџови, со кој се обезбедува пристап до спортски сали, ресторани и концерти.

Со висок процент на вакцинирано население, властите планираат од недела постепено отворање на спортските сали, музеите, трговските центри, рестораните и кафулињата, но тоа нема да важи за сите.

Виолетовите беџови ќе значат дека луѓето или не примиле вакцина или примиле една доза, а зелените дека луѓето примиле втора доза или прележале ковид-19.

„Одиме напред со одговорни мерки од типот „ако сте ревакцинирани, можете да влезете“, рече министерот за одбрана, Бени Ганц, за новите мерки, што според „Тајмс оф Израел“ е тешко да се спроведат во компаниите.