Виолетов дрес за Балотели

88

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина најверојатно ќе биде следната дестинација на контроверзниот фудбалер Марио Балотели.

Од 1 јули повремениот репрезентативец на Италија има статус на слободен играч, но и покрај интересот кој постои за неговите услуги, Балотели сè уште не открил каде ќе ја продолжи својата кариера.

Поранешниот напаѓач на Интер, Манчестер Сити, Милан и на Ливерпул има понуда и од Фиорентина чии челници се подготвени да му понудат годишна плата од 3 мил. евра.