Викендов „Вело родеа турнеја“ во Велес

86

Во рамките на Европската недела на мобилност што ја организира општина Велес, денеска во Младинскиот парк се одржува Школа за велосипеди и бесплатна проверка и сервисирање на велосипеди на манифестацијата насловена „Вело родеа турнеја“.

Во сабота, општина Велес во соработка со здружението „Green Power“ ќе ја промовира пешачката патека од „Вршник“ до „Тополка“ насловенa „Ајде на Вршник“ во должина од околу шест километри. Поаѓањето е во 16 часот кај поранешното „О-ХО-ХО“.

Во недела,  на 22 септември кога е Светски ден без автомобили улицата од „Јаворите“ кај Сармаале до кружниот ток „Авона“ во Велес од 11 до 15 часот ќе биде затворена за сообраќај и ќе биде наменета за сите граѓани да возат слободно со своите велосипеди, скироли, ролерки, тротинети и други алтернативни превозни средства.