ЕУ до Британија: Имате 12 дена да ги претставите плановите – ако не, тогаш е крај

60

Британскиот премиер Борис Џонсон има уште 12 дена да ѝ ги претстави на ЕУ своите планови за Брегзит, изјави финскиот премиер Анти Рине, чија земја моментно претседава со ЕУ.

Тој и францускиот претседател Емануел Макрон се согласиле дека е потребно Обединетото Кралство да ги достави своите предлози во писмена форма до крајот на овој месец, додавајќи дека доколку тоа не го направи „тогаш е готово“.

Извор од Даунинг Стрит истакна дека ќе продолжат преговорите и предлозите ќе се изнесуваат во соодветно време.

Џонсон нагласи дека договор е можен на клучниот самит на лидерите на ЕУ на 17 октомври, инсистирајќи дека Брегзит ќе се случи до крајниот рок на 31 октомври, дури и ако не биде постигнат договор.