Хуан Мануел Морено е пекар од Малага, Шпанија, кој дошол на идеја да направи намирница која оди со секое јадење, но по специјален рецепт.

Тоа сепак има своја цена – и тоа каква! Чини 1.380 евра, а има и свои купувачи.

Покрај цената, која за секој просечен граѓанин е навистина „изгор“, тука се и единствените состојки, што го чинат лебот толку скап. Така една векна содржи по грам злато и сребро, специјален тип брашно, но и орнамент декорација.

Она што е исто така интересно е дека најголем процент од продажбата доаѓа од извоз, така што меѓу љубителите на овој леб најбројни се од Обединетите Арапски Емирати, Америка, Кина и Русија.