Ликот на Ајнштајн на најмалата монета на светот

72

Швајцарија ја издаде најмалата монета на светот, со вредност од четвртина швајцарски франк. На неа се наоѓа мотив со познатата поза на Алберт Ајнштајн каде што тој се плази.

Изработена е од чисто злато, а според државната ковачница за пари Swissmint, паричката со пречник од 2,96 милиметри и тешка 0,063 грама, е најмала на светот.

Од овој примерок се направени само 999 парички и ќе се продаваат за 199 франци со посебна лупа.