Британскиот суд донесе одлука со која веганството, како начин на исхрана и живот, со којшто избегнува било каква суровост над животните и нивно искористување, етички претставува „филозофско верување“ заштитено со закон од дискирминација.

Џорди Касамиџана тужеше добротворна организација за заштита на животните, бидејќи го отпуштила од работа откако изразил загриженост дека пензискиот фонд инвестира во компании што се вклучени во тестирање животни.

Тој тврди дека бил неправедно казнет за откривање на информациите до вработените и дека решението за негово разрешување било поради неговата филозофска верба во етички веганизам, пренесува „Гардијан“.

„Целосно сум уверен дека етички гледано, веганството е филозофско верување“, истакнал судијата Робин Пост од судот во Норвич, на истокот на Англија.

Пресудата подразбира дека етичките вегани имаат право на заштита од дискриминација.

Спотред анкетите што ги нарачала организацијата The Vegan Society, во 2019 година во Британија имало речиси 600.000 вегани.