Веганка спасила 14 зајаци, а при тоа зад себе оставила 90 мртви

143

Британската веганска активистка „Митска Миа“ е обвинета за смртта на повеќе од 90 зајаци кои се обидела да ги спаси од фарма во Шпанија.

Нејзината спасувачка мисија кај Барселона се претворила во катастрофа бидејќи некои од „спасените“ животни биле мајки кои тукушто окотиле малечки па тие останале без храна.

Фармерите затоа морале на стотина зајаци да им дадат еутаназија. Уште пет скотни зајачици загинале, а многу, бидејќи биле под стрес, ги изгубиле младенчињата што ги носеле.

Миа тврди дека фармерите ги залажувале нејзе и нејзините помагачи цел час па дури и пукале по нив при што го скршиле стаклото од нејзиниот автомобил.

„Не бркаа, пукаа, прозорецот се скрши, а парченца стакло ме исекоа по лицето. Насекаде имаше крв. Покрај сето тоа, среќна сум, бидејќи спасив 16 зајаци. Се исплатеше“, кажа Миа која вели дека тие не ги оставиле малите зајачиња без мајки бидејќи ги спасиле само младите зајаци.

Полицијата во својот извештај навела дека стаклото на прозорецот е најверојатно скршено со некој „цврст предмет“, а не со куршум и дека Миа и останатите активисти „спасиле“ 14, а не 16 зајаци.