Малик Скот, тренерот на Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер, убеден е дека неговиот пулен ќе го нокаутира Бтитанецот Тајсон Фјури во мечот за ВБЦ појасот во тешка категорија. Заради позитивен случај со коронавирус во тимот на Фјури нивната борба е поместена за 9. октомври, но Скот тврди дека тоа нема да биде проблем за Вајлдер.

-Фјури се бори со спуптени раце, понекогаш со истурена брада, понекогаш е многу близу до противиникот со спуштени раце. Беше доминантен во мечевите со боксерите кои маваат помалку силно од Дионтеј. Многу е ранлив, изјави Скот и додаде:

-Новиот Дионтеј е многу повече сконцентриран, сто пати посилен од стариот. Тој ги одработи најсилните подготовки, а многу ојача и ментално. Фјури ќе ја види најдобрата верзија на Дионтеј.

Фјури, пак смета дека Амеиканецот не може да ја промени такатиката во однос на февруари 2020, кога го победи со прекин во седмата рунда.

-Претходниот па си го издадов палнот, бидејќи тој не беше толку многу добар. Ќе го направам тоа и сега. Вајлдер е боксер со еден трик. Што ќе направам овој пат? Ќе го прегазам како да сум камиот. Гарантирам дека нема да издржи повеќе од претходниот пат, изјави Фјури.