Рускиот тенисер Данил Медведев во финалето на грен слем турнирот Австралија опен, на почетокот од годинава беше поразен од светскиот рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ и добро знае дека како е да се игра против најдобеиот тенисер во светот. Ѓоковиќ е на прагот да испише историја со осовјување на календарски грен слем, нешто што последен го направи Австралиецот Род Лејвер во 1969 година.

Затоа тенисерот од Москававели дека сите ќе се обидат да го спречат Ѓоковиќ да го оствари големиот план.

-Сигурен сум дека Новак сака да осови 45. грен слем турнири и да игра до 55. години. Сепак, ние сме тука да го одржиме неговото ниво и да го победиме. Тука сме да не дозволиме да го осови САД Опен, вели Данил.

Финалистото од 2019 година на САД Опен, не можеше да каже колку ќе биде тешка задачата на останатите тенисери да го сопрат Србинот кон освојување на четвртата грен слем титула сезонава.

-Сите знаеме колку Новак е силен играч, еден од најдобрите во историјата. Затоа на секој турнир, на кој настапува е голем фаворит, вели Русинот.

Новак, неодамна во Токио беше елиминиран од олимпискиот турнир од Германецот Александар Зверев, што се покажа дека и српскиот тенисер е ранлив.

-Имаше шест брејк топки против Зверев, но не успеа да ги искористи. Александар се издигна и успеа да го победи, тоа треба да го правите против Новак. Стеганос во финалето на Ролан Гарос водеше со 2:0 против Ѓоковиќ, јас бев во финалето на Австралија опен, не водев, но бев во финале. Ќе се обидеме да го запреме, заврши рускиот тенисер.

Отвореното тениско првенство на САД ќе почне на 31. август во Њујорк и ќе трае до 12 септември. На овој турнир поради повреда нема да настапат Шпанецот Рафаел Надал и Швајцероцот Роже Федерер.