Нема ракометен фан на кого не му е јасно дека се уште актуелниот европски шампион Вардар ќе претрпи големи промени во наредната сезона, особено во играчкиот кадар.

Во медиумите веќе почна да се шпекулира со неколку имиња како можни засилувања, како Филип Талески кој остана без клуб во Германија, потоа  Никола Митревски кој нема да продолжи со Еурофарм Работник. Но се зборува и дека можен е ангажман на Гоце Георгиевски и Ненад Костески од ППД Загреб.

Се поизвесно е и дека палката во „црвенот црните“ повторно ќе ја презеде Михајло Михајловски, а веќе започнаа најавите за засилувања. Негова желба е во тимот да има 90 проценти македонски играчи.