Вардар кај Неготино преполн со пластика

100

Екологисти од неготинското здружение за заштита на природата „Ековита“ реагираат дека пластични шишиња ја преплавиле реката Вардар.

– Реката е надојдена поради обилните дождови и топењето на снегот од повисоките места. Овие фотографии направени близу Неготино јасно покажуваат дека на површина испливува нечија негрижа кон природата – нагласи претседателот на Здружението Сашко Тодоров.

Тој изрази надеж дека пандемијата и карантинот како превенција од
коронавирус, барем малку ќе ги освестат луѓето дека треба да сеобрне внимание на сопственото однесување. Прво заради себе, а
потоа и за пошироката заедница.