Вардар без Борозан и Мораеш против Рајн Некар Левен

56

По завршувањето на Светското првенство во ракомет, во Дансла и Германија, македонскииот ракометен шампион Вардар ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите. „Црвено – црните“ во рамките на 11. коло од А – Група, вечерва (19 часот) во САП Арена пред 11.000 гледачи му гостуваат на германскиот Рајн Некар Левен.

Вардар на овој натпревар ќе настапи ослабен, односно без левиот бек Вуко Борозан и пикерот Рожерио Мораеш, кои се опоравуваат од повредите. Силите, сепак ќе бидат израмнети, затоа што Штефан Фет и Гудјон Валур Сигурдсон нема да бидат во составот на „лавовите“. Евентуалното отсуство на Штефан Фет, значи дека поголема минутажа ќе добијата Мадс Ларсен и нашиот репрезентативец Филип Талески.

Слично како и кај Вардар и кај РНЛ главните играчи не беа на СП. Ова особено важи за нивниот играч број еден – Енди Шмит и првиот дефанзивец – Илија Абутовиќ. Криштопанс и Скубе од редовите на Вардар не играа на СП.

ГРУПА  А – 11 коло: Рајн Некар  – Вардар, Монпеље – Мешков Брест, Веспрем – Барса, Кристијанштад – Килце, ГРУПА Б: Нант – ПСЖ, Целе – Пик Сегед, ППД Загреб – Скјерн, Мотор – Флензбург