Управниот Одбор при Македонската ракометна федерација (РФМ) го потврди системот на натпреварување за наредните две сезони во највисокиот ранг на натпреварување.

Наредната 2021/2022 сезона во Супер лигата ќе се натпреваруваат 12 екипи вклучувајќи ги и тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Додека сезона подоцна (2022/2023) бројот на екипи ќе биде намален на 10.

Истата сезона (2022/23) бројот на странски ракометари што ќе може да ги ангажираат македонските екипи во домашниот шампионат се намалува од осум на шест играчи.

Екипите задолжително ќе мора да пријават и свои тимови во младинските конкуренции, мерка со која РФМ очигледно сака да го популаризира и да го зголеми квалитетот во иднина.

РФМ ги потврди наградите од 10.000 евра за женската, односно 20.000 евра за машката селекција, за нивните добри резултати во квалификациите за СП односно победата над Данска да бидат исплатени до 14 на дамите односно 24 април на мажите.