Бугарскиот министер за одбрана тврди дека тоа што се случува во Украина е директна закана за безбедноста на Бугарија

200

Министерот за одбрана на Бугарија Стефан Јанев изјави дека денеска регионот се соочува со најголемата криза од Студената војна и дека тоа што се случува во Украина директно ја загрозува безбедноста на државата.

Според него, трендот на промена на рамнотежата во Црното Море продолжува. -Анализите на бугарското Министерство за одбрана покажуваат сериозни дефицити во нашите вооружени сили, додаде Јанев, јави дописникот на МИА.

Тој посочи дека има пет приоритети, од кои некои вклучуваат модернизација на вооружените сили и дека ќе се направи се за да се доведат трошоците за одбрана до 2 отсто од БДП до 2024 година.

Според Јанев, целта е да се направи анализа на вооружените сили на Бугарија со цел да се зголеми нивната борбена обука и подготвеност. Посочи дека ќе се создаде батаљон на борбена група која ја нема во Бугарија. Сепак, ќе разговараме со американските претставници за тоа дали можат да учествуваат во него.