Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада го освои 86. место во квалификациите на денешниот спринт на 1.5 километри на Олимпијадата во Пекинг.

Од 90 натпреварувачи, 88 ја завршија трката, а Јада беше меѓу последните со време 3:29.13 минути или 44,10 секунди побавно од првопласираниот Лукас Шанава од Франција.

Четвртфиналната трка е закажана за 12:02 минути, полуфиналето за 12:45, а спринтот кој ќе одлучи за медалите е предвиден да стартува во 13:11 часот.