Со 38 години и речиси 20 сезони во елитната шпанска лига, Серџи Видал, сè уште нема намера да ја заврши кариерата.

Кошаркарот кој е роден во Бадалона, минатата година настапуваше за Канделас Кафес каде бележеше во просек по 6.4 поени, но сè уште посакува да го покаже својот квалитет на теренот по успешната рехабилитација од повредата на менискусот.

Видал во својата кариера настапуваше и за Барселона, Реал Мадрид, Уникаха, а се повреди на 11 април во мечот од 26. коло во дуелот против Каталонците. По операцијата стана пример за секој спортист како успешно да се врати на теренот и со напорна работа дека може се да се постигне.

  • Откако летово го минав со напорни тренинзи, работите почнуваат да се враќаат на место, напиша Видал на Твитер со фотографија од колената по операција и по завршената целосна рехабилитација и напорни тренинзи.

Инаку, судејќи по се, Видал веќе пронашол и клуб за наредната сезона со оглед на тоа што подготвителниот период го имаше со тимот на Манреса.