Две британски спортистки се исфрлени од натпреварување за Олимпијадата затоа што во финишот на триатлонот во Токио влегоа држејќи се за раце. Станува збор за Џес Лирмонт и Џорџија Тејлор Браун кои беа дисквалификувани за време на квалификациите за триатлон за Олимпијадата 2020 година, пренесува Би-Би-Си.

Фотофинишиот и донесе победа на Леармон, но нивниот резултат беше избришан затоа што ги прекршија регулативите за триатлон.

Во правилото 2.11Ф на Меѓународниот триатлон сојуз стои: „Спортистите кои завршуваат истовремено во вештачки создадена ситуација без да се обидат да се разделат за време на финишот, мора да бидат дисквалификувани“.