Бројката на македонски државјани во Германија надминува 100 000 луѓе

127

Рекордната 2015 година се уште не е достигната, но бројот на македонски државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува, покажуваат податоци на германското Биро за статистика, пренесува „ДВ“.

Во 2018 година вкупно 18.478 македонски државјани си ја побарале среќата во Германија. Од нив, 7.812 останале во земјата и во тековната година, а 10.666 се вратиле во татковината. Во однос на претходната, 2017 година, нето бројот на оние кои останале да работат и живеат во Германија е зголемен за 30 проценти.

Рекордната 2015 година се уште не е достигната, но бројот на македонски државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува, покажуваат податоци на германското Биро за статистика.

Бруто бројката на македонските државјани кои се пријавиле на германска територија во двете години е релативно ист (18.478 во 2018 наспроти 18.235 во 2017) но расте бројот на оние кои останале во земјата. Во 2017 година таа бројка била 6.000 луѓе.