Бришач на паркет со своите акробации стана хит во светот (ВИДЕО)

126

Дечкото од Африка преку ноќ стана екстремно популарен поради неговиот необичен стил на бришење паркет.

Станува збор за Антонио Ван-Дунем, кој успеа да го сврти вниманието кон себе на кошаркарскиот терен.

До светската слава се стекна за време на ноемврискиот прозорец на ФИБА, на мечот меѓу Зеленортските Острови и Нигерија.

  • Моето име е Антонио Ван-Дунем и попознат сум како „чистач на паркети“. Уште во 1999 година работев на првиот турнир, Африканското првенство во Ангола. Шоуто што го приредив беше забавно за навивачите. Луѓето мислеа дека сум само за да бришам, но не – јас сум учесник на подот. Со мојата агилност судиите не ни забележуваат дека сум на подот, се чудат кога ќе видат дека се е исчистено, изјави Антонио.

Момчето кое го привлече вниманието кон себе со акробации истакнува дека би сакал да научи некој друг така да го брише паркетот.

  • Мојата работа е да се грижам за играчите и судиите, ако некој се лизне јас ќе бидам виновен. Затоа морам да бидам брз и динамичен за да го избегнам тоа. Мојот сон е да основам своја компанија која ќе се занимава со чистење, но и да научиме некои помлади како функционира оваа работа, вели момчето кое се појави на интернет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIBA (@fiba)