Борис Џонсон: Јас сум џедај, а имам и светлосен меч

111

Фаворитот за нов британски премиер, Борис Џонсон изјави дека себеси се идентификува како џедај витез и ја информираше јавноста дека има и светлосен меч.

– Војна на ѕвездите. Ќе ви кажам нешто, многу се идентификувам со оној тип со светлосен меч – џедај витез, рече Џонсон на прашањето кој му е омилен лик од филмовите.

– Се гордеам што можам да кажам дека светлосниот меч е произведен в јужен Руислип, округот што јас го застапувам. Имам светлосен меч во канцеларијата во Вестминстер. Тоа е толку убава работа што ми ја подари никој друг, туку лично Кристофер Ли, рече Џонсон.

Инаку, Кристифер Ли во филмот „Војна на ѕвездите“ го игра грофот Дуку. По ваквата изјава во која Џонсон се идентификува со џедај од култниот филмски серијал, во кој џедајот Анакин Скајвокер преминува на мрачната страна и станува Дарт Вејдер, на социјалните мрежи се разви вистинска дебата. Освен коментари, се појавија и фотографии и видеа од Џонсон како џедај, витез кој се бори за мир и ред во галаксиите.