Бидете подготвени за темпераментот на огнените знаци – со нив не сакате да влезете во расправија!

329

Сите огнени знаци го гледаат животот низ црно-бела призма, што значи кај нив нема средина.

Ако се земе предвид дека се полни со самодоверба, од нив ретко ќе чуете дека нешто не можат или дека е невозможно да се направи.

Кога се во добра фаза, полни се со енергија и самоувереност, ама кога се лошо расположени, стануваат нетрпеливи и немаат сочувство за другите.

Често имаат зголемена температура. Склони се на инфекции и воспалителни процеси.

Доминантни се, бестрашни и по потреба, многу агресивни.

Сите три огнени знаци по својата природада се доминантни, страствени и агресивни.

На крајот, за своите постапки имаат голема енергија во себе што ги придвижува бидејќи веруваат дека се родени за големи нешта. Ама, може да се случи и некој проект да им здодее. Тогаш се откажуваат и не жалат поради тоа.

Огнот не можете да го запрете и тоа треба да го знае секој кој ќе влезе во судир со овие знаци. Нема да пламнат од прва, ама ако се случи тоа –подобро да не сте им пред очи.

Великодушни се и внимателни, па можат да бидат добри пријатели и партнери, се додека знаете да ја задоволите нивната потреба за внимание.

Овен

Овој доминантен знак е во состојба да ве маѓепса со зборови, а бидете сигурни дека ќе преземе контрола во се што прави, на таков начин што сите околу него ќе бидат импресионирани. Одат кон остварување на своите цели ништо не може да им застане на тој пат.

Лав

Овој бестрашен знак е неверојатно тврдоглав, ама многу лојален и посветен на семејството. Истоврмеено, тој е некој со кој не сакате да се скарата бидејќи не отстапува од своите убедувања, не се преиспитува себеси и се води од себични цели.

Стрелец

Овој знак е променлив, поради што може да биде флексибилен и промислен, филозофски настроен. Ја користи својата страствена енергија за животни вистини и е вистински борец против неправда. Меѓутоа, лошата страна му е тоа што прво ќе повлече потез, а потоа ќе рамисли, поради што се потпира на среќата да го извлече од ситуациите во кои се нашол непромислено.