Беше 199-ти пик на драфтот, грд и неспособен, а сега е најдобар во историјата

77

Во 2000 година НФЛ тимот на Њу Ингланд, кој во недела по полноќ ќе игра во Супербол против тимот на Лон Анџелес Ремс, беа во голема дилема. Овој тим немаше премногу успешна франшиза од тогаш, двапати загуби во Супербол (1985 и 1996), а сезоната ја заврши со шест порази во последните осум натпревари и скор од 5-11. Во наредните две години „патриотите“ не успеаја да влезат во плејофот, што го чинеше отказ тренерот Пит Керол, кој беше заменет од Бил Беличик.

Играта на Њу Ингланд не даваше знак дека овој тим во следните три од четирите Супербол мечеви ќе биде една од најуспешните франшизи, со најуспешен квотербек во историјата.

Том Брејди токму таа 2000-та година беше драфтуван од Универзитетот во Мичиген, каде што беше резервен одбранбен играч. Ова не му беше прв драфт во кариерата. Имено, во 1995 година во 18-тата рунда го драфтуваа во Монтреал, кои во него виделе Ол – стар потенцијал. Му нуделе бограт договор, но Брејди го одбил бидејќи сметал дека има квалитет за да дојде до НФЛ лигата.

На драфтот во 2000-та не бил премногу активен, па на сите активности кои ги имал за време на тестирањето бил очаен. Меѓутоа, бил меѓу најбрзите на 40 метри. Само тројца биле побрзи од него, иако брзината не е премногу важна за квотербековите.

Исто така неговата градба била катастрофална, па зато многумина го отфрлале како потенцијално засилување. Но, во него верувале од тимот на Њу Ингланд, иако бил меѓу последнопласираните квотербекови (199) на тој драфт.

  • Не сакавме човек кој на 40 метри трча 5.3 секунди и кој и висок и неспособен. Но, ја видовме неговата ментална страна. Беличик многу добро го простудира и му се допадна, изјави поранешен скаут на „партиотите“, Џејсон Лихт.

Супербол мечот во недела ќе биде десетти за Брејди, каде ќе ја брка шестата победа.