Белерин како бековска опција

28

Италијанскиот калчо гигант Интер ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Хектор Белерин. Иако во поголемиот дел од изминатата и актуелната сезона беше повреден, офанзивниот бек сака да си замине од „Емирати“ со образложение дека сака да игра за тим кој ќе се бори за трофејот на домашната и меѓународната клупска сцена. Неофицијално, „нероазурите“ се подготвени да одвојат околу 40 мил. евра за неговите услуги.