Белград погоден од силно невреме

1177

Силно невреме попладнево околу 16 часот го зафати Белград. Грмежи и дожд проследен со силен ветар следуваа по спарниот ден.

Во некои делови од градот под налетот на ветерот и силниот дожд има паднати дрвја, а сообраќаниците се под вода.

Претходно денеска силен дожд врнеше во Нови Сад.