Во решавачкиот натпревар од плејофот во Евролигата, Барселона го совлада Баерн Минхен со 81:72 и со тоа се пласираше на фајналфорот во Белград.

Првите два периода им припаднаа на гостите од Германија, додека Барселона беше најдоба кога беше најпотребно, во завршните два. Најефикасни во победничкиот тим беа Николас Лапровитола со 26 и Никола Миротиќ со 20 поени, додека на спротивната страна прво име беше Отело Хантер со 18 коша.

Во полуфиналето Барселона ќе ги oдмери силите против Реал Мадрид на Ф4 турнирот во Белград.