Барса сака повеќе пари од УЕФА и ФИФА

87

Првиот човек на каталонскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта имал состанок со шефот на стручниот штаб, Роналд Куман и четворицата капитени за да ја разјасни позицијата на клубот кога е во прашање новото клупско натпреварување – Суперлига.

Според „Мундо Депортиво“, Лапорта прво разговарал со холандскиот стручњак, а потоа и со капитените на Барселона. Претседателот ги информирал дека Барса мора да ги брани своите интереси при создавањето на Супер лигата. Со оглед на сериозната економска криза што ја доживуваат фудбалските клубови поради пандемијата на коронавирусот, потребно е да се бара начин да се остварат дополнителни приходи. Според Лапорта, клубовите добиваат премалку пари од распределбата на приходите од УЕФА и ФИФА, особено од Лигата на шампиони.

Лапорта одржува контакти со сите страни во оваа ситуација – со клубовите основачи на Супер лигата, со националните фудбалски федерации и со меѓународните фудбалски организации.

Куман и капитените на Барселона изразиле разбирање за ставот на Лапорта и ги прифатија неговите објаснувања. Каталонскиот гигант е еден од четирите клубови основачи на Супер лигата кои допрва треба да го соопштат повлекувањето од турнирот. Освен Барса, уште само лутиот ривал, тимот на Реал (М) се уште нема официјално соопштено дека го напушта амбициозниот проект.