Барса загриза за Санчо

68

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, доби сериозна конкуренција во каталонскиот гигант Барселона, кога е во прашање потписот на англискиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш, Борусија од Дортмунд, Џејдон Санчо.

Двата клуба подготвуваат понуда која ќе биде испратена на стартот од летниот преоден рок, но истата не смее да биде помала од 100 мил. евра.