Бадник според традицијата – Новите кумови го презедоа Бадникарскиот ќуп /ФОТОГАЛЕРИЈА

108

Според традицијата пред Соборниот храм во Скопје денеска се празнуваше Бадник. Пристигнаа кумовите Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, како и здравичарот Живко Поповски – Цветин.

Пред Соборниот храм, претходно, со пајтон пристигнаа и стариот кум д-р Никола Пановски, како и минатогодишниот здравичар д-р Миодраг Врчаковски.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и свештенослужителите на новите кумови им го предадоа Бадникарскиот ќуп.

По завршувањето на церемонијата новите кумови со ќупот заедно со здравичарот со пајтон го напуштија храмот „Свети Климент Охридски“ и се упатија кон своите домови поздравени од скопјани.

На прославата присуствува и градоначалничката Данела Арсовска. Таа на кумовите, но и на сите граѓани им посака бериќет и годинава, како што рече, да биде многу подобра од минатата.

Фото: П.Стојановски