Арапските шеици влегоа и во светот на кошарката, па така Катарецот Сауд Али Ал Тани стана прв човек на ФИБА. На конгресот на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), Ал Тани беше избран за претседател и доби мандат до 2027 година.

Ал Тани на позицијата ќе го замени Хамане Нијанг, а на прес-конференцијата за медиумите кажа дека му е чест што бил избран за прв човек на светската кошарка.

  • Ова е голема чест, но и обврска. Кошарката е светски спорт, а јас ветувам дека ќе работам напорно и посветено, истакна Ал Тани.