Еден од поквалитентните НБА кошаркари, Патрик Беверли, ја откри тајната за својата топ форма. За време на појавувањето во еден подкаст, Беверли ги коментираше изјавите на Ларса Пипен и нејзиниот сексуален живот со Скоти Пипен за време на нивниот брак.

  • Имав секс по четири пати на ден и тоа траеше цели 23 години, гласеше изјавата на 48-годишната Ларса која сега е во врска со Маркус Џордан, синот на легендарниот Мајкл Џордан.

Беверли призна дека во неговиот конкретен случај нема секс вечерта пред натпревар за да излезе на терен со свежи нозе.

  • Немам секс вечерта пред натпреварите. Сакам нозете да ми бидат одморени… знаете на што мислам?, истакна Беверли.

Играчот на Чикаго призна дека неговата сопруга Мандана Болурчи не била премногу заинтересирана за оваа навика на сексуална апстиненција пред натпреварите, но дека на крајот ја прифатила.

  • Жена ми ќе ме убие, изјави Беверли, кој призна дека е тешко, велејќи дека е лошо  што натпреварите се играат секој ден или секој втор ден.

Неговата „анти-секс“ норма го доведе Беверли до просечни 8,6 поени, 4,2 скока и 3,4 асистенции на речиси 600 натпревари во НБА лигата. Сезонава неговиот просек во редовите на Чикаго изнесува 5,9 поени, 6,1 скока и 3,7 асистенции.

Инаку, неговата 29-годишна девојка е Иранка која пораснала во родната земја, а потоа живеела во Дубаи и Лос Анџелес. Тие двајца се долги години во врска, но се уште немаат деца.

Иако не е платена колку Беверли, Болурчи како модна икона заработува меѓу четири и шест милиони долари.