Ривалот од италијанската Серија А, тимот на Јувентус, е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на Сасуоло, Давиде Фратези. Повремениот репрезентативец на Италија е проценет на најмалку 30 мил. евра, за голем интерес за неговите услуги покажуваат и раководните лица на Милан и на Рома.