Анџелина Џоли пристигна во Украина: Холивудската ѕвезда снимена во Лавов/ВИДЕО

401

Една од најголемите холивудски ѕвезди на денешницата и специјален пратеник на УНХЦР за бегалци Анџелина Џоли беше снимена денеска во неодамна гранатираниот украински град Лавов.

Според украинските медиуми, Џоли била видена во кафуле на западот на Лавов, каде некои од гостите успеале да ја снимат.

Да потсетиме, војната во Украина трае веќе три месеци, а Џоли уште од самиот почеток апелира за мир и посочува на страдањата на бегалците.

Таа ги користи своите профили на социјалните мрежи за да му ги приближи на светот страдањата на луѓето погодени од војната уште од првиот ден од избувнувањето на руската агресија.

„Мојот фокус, заедно со моите колеги од УНХЦР, е да направиме сѐ што е можно за да се обезбеди заштита и почитување на основните човекови права на бегалците од регионот“, напиша Џоли на почетокот на руската инвазија.