Косово продолжува да ги олеснува анти-ковид мерките

49

Владата на Косово денеска донесе одлука за олеснување на мерките кои досега беа во сила за бора против епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Премиерот Албин Курти на денешната владина седница изјави дека „епидемиолошката ситуација со коронавирусот во Косово е стабилна“, поради што се предлага олеснување на мерките.

– Со новите мерки ќе се олесни животот на косовските граѓани во многу аспекти, рече Курти.

Министерот за здравство, Рифат Љатифи рече дека новите предложени мерки служат за држење под контрола на епидемиолошката ситуација.

Дневните случаи на заболени од Ковид-19 значително опаднаа последните месеци во Косово. Така на пример, според Министереството за здравство, од речиси 800 тестирани во последните 24 часа, позитивни на коронавирусот резултирале 21 лице, а слични резултати, меѓу дво и три отсто новозаболени од вкупниот број на тестирани, кој се движи меѓу 800 и илјада дневно, се бележат веќе подолго време.

Бројот на активни случаи со Ковид-19 во Косово, според последните официјални податоци, изнесува 440.