Англија не заслужи да биде финалист

80

Во последното интервју кое го даде за „Спорт1“, предводникот на новиот европски шампион, репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини, откри дека според него, Англија, ривалот во финалниот натпревар, не заслужено дојде до последниот натпревар на „Вембли“.

Настапот на „Гордиот Албион“ предводникот на „азурите“ го искомбинира со ефектот на репрезентацијата на Германија која како во 2016 година, повторно ги разочара фудбалските фанови.

  • Искрено, не знам што може да направи Германија. Тие и понатаму за мене се голема фудбалска нација. Секогаш имаат одличен тим и фантастични играчи, нормално секогаш имаат и идеален селектор. Сепак, секоја репрезентација мора да го пронајде својот, вистинскиот пат. И ние бевме во слична позиција пред три години. Пак ќе бидам искрен и ќе кажам дека Германија не заслужи да биде елиминирана од Англија. Според мене, тие одиграа одличен натпревар во 1/8 финалето, дури беа и подобар противник, изјави селекторот на Италија.

Само за потцетување, Англија со 2:0 ја доби 1/8 финалната пресметка против Германија, а клучен момент на натпреварот беше промашувањето на Томас Милер при резултат 1:0. Неколку минути подоцна, капитенот на „Гордиот Албион“, Хари Кејн, го постави конечниот резултат.