Фудбалската селекција на Македонија направи неверојатен подвиг на гостувањето во Дуизбург, победувајќи ја победи моќната Германија со 1:2, резултат кој веројатно малкумина го очекуваа во квалификациите.

Ова за Германија е прв пораз во квалификациите за Светско првенство на домашен терен по цели 20 години, а последната селекција која ја совлада е Англија со 1:5 во 2001 година.

По мечот своето задоволство не го криеше ниту селекторот Игор Ангеловски, кој со товар на себе ја предводеше нашата репрезентација на овој дуел во Дуизбург, иако со мислите бил во Скопје.

  • Оваа победа сакам да ја посветам на мојата сопруга, која беше хоспитализирана во една од скопските приватни клиники, со тешки симптоми од Ковид-19. За среќа, пред два дена беше пуштена дома и затоа оваа победа ѝ го посветувам нејзе и на моите деца Лука и Луна, истакна селекторот.