Покрај големиот триумф над Германија со 1:2, капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, има уште една причина за задовослтво. Тој влезе во историјата на Германија како најстар фудбалер кој и дал гол на моќната фудбалска велесила.

Досегашниот рекорд беше во сопственост на Ханс Нордал, кој против Германците дал гол на 35 години во далечната 1953 година. Сега Пандев во Дуизбург ја шокираше Германија во судиското надополнување во првиот дел, кога шаната селекција поведе со 0:1.