Пораз како пораз може да се случи, но европскиот шампион во Евролига, тимот на Анадолу Ефес, загуби од Асвел во Франција со 75:73 иако имаше предност од 19 поени разлика. Тоа беше незамисливо минатата сезона кога е во прашање турскиот гигант.

По првото полувреме, Ефес имаше предност од 14 разлика (35:49), а на почетокот на третата четвртина, таа разлика отиде на споменатите 19 (37:56). Иако се очекуваше избраниците на Ергин Атаман да постигнат убедлив триумф, но домаќинот не мислење така, па успеа да го сврти резултатот во своја корист и на крајот да слави голема победа за стоотстотен ефект по првите три кола.

Резултати: Уникс Казан – Баерн 73:70, ЦСКА (М) – Зенит 77:67, Алба Берлин – Фенербахче 84:70, Басконија – Панатинаикос 81:79, Милано – Макаби ТА 83:72.