Поранешниот пилот во Формула 1, Џенсон Батон, се надоврза на најчестата тема која се шпекулира во моментов, а тоа е каде ќе оди Себастијан Фетел по заминувањето од Ферари на крајот од годината, како и тоа дали Фернандо Алонсо ќе се врати во најбрзиот циркус на денешницата.

  • Мислам дека ако Рено би бил барем близу до челото, и ако Фернандо видел шанса за подиуми и победи во 2021 или 2022 година, тој би „скокнал“ веднаш. Но за Рено, процесот ќе биде подолг – најмалку четири години. Тој нема толку време и не може да ги чека. Едноставно не сум сигурен дека тоа е вистинската можност за него. Што се однесува со Фетел, знам дека разговарал барем со еден тим, така што повлекувањето од Формула 1 дефинитивно не е на неговиот список на можни потези, вели Џенсон.