Алесија во прв, Рибери во втор план

211

Само неколку часа подоцна, откако и официјално беше преставен како најнова аквизиција на Фиорентина, Франк Рибери, го одигра и првиот натпревар во италијанската Серија А.

Сепак, за време на прес-конференцијата, легендарниот француски репрезентативец, не беше прва ѕвезда. Атрактивната Алесија Енрикез го украде вниманието на фудбалските медиуми кои трансферот на поранешниот фудбалер на Галатасарај, Марсеј и Баерн (М) го ставија во втор план.

Станува збор за девојка која работи како преведувач и спортската јавност во Италија ја познава многу добро затоа што и во минатото била на промоција на неколку фудбалери.

Италијанците прво за запознаа за време на официјалната промоција на Џиџи Буфон, како нов голман на францускиот гигант ПСЖ, а најчесто е ангажирана од раководните лица на Наполи. Исто така, атрактивната Алесија го имаше „главниот“ збор и за време на промоцијата на Марио Балотели во дресот на Олимпик од Марсеј.

Лесно ќе се дојде до заклучок дека во последно време, официјалната презентација на новите фудбалери не може да помине без присуство на некоја атрактивна девојка. Можеби таа мода пристигна од нашиот северен сосед, Србија, каде сите погледи се насочени кон портпаролките на Црвена звезда и Војводина, прекрасната Беба и Татјана Шајковиќ.